Тачи: Да се следи примерот на Турција за Рамазан Бајрам


Тачи: Да се следи примерот на Турција за Рамазан Бајрам - МИА

Тетово, 21 мај 2020 () – Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи на денешната партиска прес-конференција истакна дека Северна Македонија за празникот Рамазан Бајрам треба да го следи примерот на Турција. Таму е определено да има четири дена карантин и се препорачува празникот да се помине дома.

-Иако ние како земја не сме дел од високоразвиените земји имора да следиме како се однесуваат развиените западни земји. Од друга страна, како муслимани, ние мора да ги следиме и развиените земји кои имаат муслиманско мнозинство, во овој случај да ја земам Турција како пример. Особено ја следев позицијата на турската влада и нивните препораки за намалување на движењето за време на празникот. Мора да бидеме крајно внимателни, пандемијата не помина , рече Тачи.

Тој истакна дека граѓаните треба да  ги послушаат препораките на здравствените експерти кога станува збор за претстојниот празник и да останат дома.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]