СВР-Струмица апелира за строго почитување на мерките за забрана за движење


СВР-Струмица апелира за строго почитување на мерките за забрана за движење - МИА

Струмица, 8 април 2020 () – Секторот за внатрешни работи-Струмица упатува апел до сите граѓани на подрачјето строго да ја почитуваат одлуката на Владата за забрана на движењето, почнувајќи од денеска, од понеделник до петок во временскиот период од 16:00 до 05:00 часот наредниот ден, а за време на викендот од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник, како и забраните за граѓаните над 67 години старост и за младите до 18 години, информираат од полицијата.

– Се забранува собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини. Апелираме граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат на јавни места и површини (банки, маркети и слично), стои во информацијата.

Се додава дека сите оние кои ги прекршуваат донесените одлуки на Влада и дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, доколку пак се утврди дека сторената активност има елементи на прекршок ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против сторителот.

Во информацијата се наведува дека МВР-СВР-Струмица не издава дозволи за движење за време на забрана за движење на населението и се потсетува дека дозволи издава Министерството за информатичко општество и администрација, додека надлежноста на полицијата е во спроведувањето на мерките и препораките на Владата на РСМ.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]