Свештеник од Струмичката пархија доби забрана за работа заради изградба на нелегална црква


Свештеник од Струмичката пархија доби забрана за работа заради изградба на нелегална црква - МИА

Струмица, 21 мај 2020 () – Заради непочитување на редот и уредбите на парохиската дејност при уставот на МПЦ-ОА, Струмичката епархија донесе одлука со која му се изрекува забрана за свештенодејство на отец Боро Милчев, против кого ќе биде покрената и дисциплинска одговорност пред Епархискиот црковен суд на Струмичката православна црква, соопштија синоќа од Струмичката Епархија, која ја предводи владиката Наум.

Во соопштението се наведува дека без благослов отец Милчев продолжувал да врши различни свештенодејствија по домовите и деловните објекти во градот Струмица и пошироко и влегувал во парохии каде што не е назначен, а вршел и неканонски венчавки по приватни домови во првата недела од великиот пост.

-Без благослов и спротивно на волјата на надлежниот архиереј се дрзна да почне градбa на „црковен храм“ во близина на својот имот во село Смолари, каде што има свој приватен бизнис, без никакво одобрување или знаење на митрополитот струмички господин Наум и за истиот веќе има решение за рушење, бидејќи се е направено на крајно нелегален и криминален начин, се додава во соопштението.

Понатаму во соопштението се информираат верниците дека на свештеникот му е изречена забрана за свештенодејство и како што се вели „се додека не се покае и не се врати во послушание на Црквата и не ја прифати одлуката со која е назначен на парохијата која ги опфаќа селата Дукатино и Радичево и каде што единствено има благослов да делува како свештеник“.

-На крајот, наша должност е да ве известиме дека овој човек, иако носи свештеничка облека, не доаѓа во име на Црквата, и не го носи благословот Божји, туку напротив ја разградува Црквата и го соблазнува верниот народ за срам на Црквата, а на штета на својата сопствена душа и лично спасение, стои на крајот од соопштението на Струмичката епархија при МПЦ-ОА.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]