Советот на млади од Крива Паланка со иницијатива за разубавување на новиот скејт парк во градот



Советот на млади од Крива Паланка со иницијатива за разубавување на новиот скејт парк во градот - МИА

Крива Паланка, 3 август 2020 () – Новиот скејт парк во Крива Паланка е разубавен и исцртан со мурали на иницијатива на Советот на млади при општината, со што сите млади од градот добија уште една модерна и урбана локација за дружење и рекреација.

– Оваа иницијатива потекнува од членовите на Советот на млади, со поддршка на локалната самоуправа, а ја уредивме и и дадовме нов урбан лик благодарение на соработката со четири млади уметници од Скопје. Станува збор за Андреј Митевски, Александар Наумовски, Љубиша Камењаров и Ѓорѓе Јовановиќ, кои му дадоа живост и уникатен белег на просторот, изјави Александар Величковски, претседател на Советот на млади на Општина Крива Паланка.

На муралите се насликани скејтери, велосипедисти, млади спортисти.

– Декоративни и инспиративни се насликаните мотиви, презентирајќи ги идеите за слободарскиот дух на младите, нивниот однос кон животот и природата, зашто тие се движечка сила на општеството. Воедно, Јовановиќ својот мурал го посвети на нашата актерска величина, кривопаланчанка по потекло, Милица Стојанова, додаде Величковски.

Уредувањето на скејт паркот е дел од проектот на општина Крива Паланка „Подобра спортска инфраструктура, подобро здравје за сите“ со кој се уредени повеќе спортско-рекреативни содржини во градот. Проектот е финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во земјава, а се реализира со средства во висина од 73 илјади евра.

Со овој проект беше изградена атлетска патека на градскиот стадион во Крива Паланка, во завршна фаза е и уредувањето на мини голф теренот на спортскиот комплекс во општината. ид/


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*