Од денеска, прилепски „Комуналец“ со механизација започна да го чисти речното корито на Градската река во Прилеп, на потегот од мостот кај населбата Димо Наредникот, накај железничкиот надвозник.
Механизацијата почна да го чисти сиот отпад што во речното корито се слеа од Дабничкиот канал и повисоките населби по обилните врнежи и поплавата минатата недела што го зафатија Прилеп. Инаку, во рок од 6 месеци изминатиот период каналот беше чистен во два наврата.
Од прилепски „Комуналец“ велат дека чистењето со механизацијата ќе потрае подолго време.
Комуналното претпријатие апелира на трпение кај граѓаните но и ги потсетува дека сиот отпад да го предаваат на комуналните служби без оглед на количествата и да не се создаваат диви депонии, а потоа при поројни дождови тоа да направи огромни проблеми.