Штипското Инфективно одделение се прошири и на одделот за Неврологија 


Штипското Инфективно одделение се прошири и на одделот за Неврологија  - МИА

Штип, 4 јули 2020 () – Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека четворица  пациенти заразени со коронавирусот веќе се сместени во болничките соби на овој оддел, откако вчера беше испразнет, а пациентите и здравствениот кадар на Наврологија се преселија на одделението за Урологија.

На медицинскиот персонал на Инфективно веќе им помагаат медицински сестри од други одделенија, во прва смена работат пет сестри, а во попладневната се ангажирани три. Ѓеорѓијев најави дека од утре почнуваат со работа на ова одделение и лекарите од интерно, кардиологија и анестезиологија, кои ќе им помагаат на инфективнолозите.

Со проширувањето на инфективното одделение се добиваат дополнителни 15 болнички кревети. Во моментов на ова одделение се лекуваат околу 40 пациенти од општините од источниот регион. вдј/


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници

Скопје, 4 август 2020 () – Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*