Штипските епидемиолози продолжуваат со тестирањето на работниците и наредната недела


Штипските епидемиолози продолжуваат со тестирањето на работниците и наредната недела - МИА

Штип, 4 јуни 2020 () – Штипските епидемиолози со масовното тестирање на текстилните работници ќе продолжат и наредната недела, откако вчера се појави и уште еден позитивен случај на коронавирусот во нова конфекција со 250 вработени.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за вели дека со новозатворената конфекција во скрингот се опфатени околу 800 работници. Тестирањето се одвива без никакви проблеми, а резултатите пристигнуваат брзо од лабораториите, па епидемиолозите имаат јасна слика и за контактите опфаќајќи семејства, пријатели на заразените. Со денешните брисови епидемиолозите за четири дена ќе имаат направено над 1.000 тестирања.

– Нашите мобилни тимови, но и тимот на пунктот во Здравствениот дом дневно земаат околу 200 брисови во Штип. Дополнително нашите тимови изминатите денови го извршија тестирањето и на вработените во детските градинки во Пробиштип и Радовиш. За вработените во Пробиштип се пристигнати резултатите и таму имаме двајца вработени кои се позитивни на тестовите, а за вработените во градинките во Радовиш ги очекуваме наскоро, вели Димитрова.

Таа истакна дека очекуваат наредната недела да стартува и тестирањето на вработените во штипските детски градинки. вдј/ир


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]