Штипските епидемиолози почнаа со првите контролни брисеви на текстилните работници


Во Штип се врши масовно тестирање на текстилните работници - МИА

Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје денеска и утре интезивно ќе ги земаат првите контролни брисеви на 53 текстилни работници од првата текстилна компанија, која беше затворена по појавата на коронавирусот. Директорката на Центарот за јавно здарвје-Марија Димитрова вели дека секојдневно пристигнуваат и резултатите од масовниот скрининг на текстилните работници. На повеќе од нив, кои беа тестирани им се пристигнати, на мал дел се повторени.



Во текот на наредната недела ги очекуваат и резултатите од тестирањето на вработените во штипските детски градинки, кое заврши вчера, а беа тестирани над 230 вработени во градинките.

Инаку во Штип се појави и шести кластер, откако скопјанец не знаејќи дека е позитивен на коронавирус дошол на гости во Штип, по што тројца се заразени, а десетина штипјани од овој кластер се во самоизолација. Најброен и понатаму останува текстилниот кластер, кој брои над 130 позитивни случаи.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека денеска имаат 21 пациент на болничко лекување, кои не се само од Штип, туку има и од остантите општини од источниот регион. Едно лице е суспектно и за него се чекаат резултатите од земениот брис. Пациентите се со стабилна здравтсвена состојба, а тројца од нив се со повремена
кислородна поддршка.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*