Штипскиот Народен театар работи на нова премиера

stipski naroden teatar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Народниот театар-Штип почна со подготовките на нова претстава во режија на македонската режисерка Наташа Поплавска. Текстот е „Демонот од Дебар Маало“ на Горан Стефановски, а режисерката посочува дека станува збор за претстава во која се навраќаме на некои минати доживување и се упатува повик за вистински вредности.

-Ќе видиме сеќавање на она каков беше нашиот живот што е тоа што изгубивме и дали некогаш воопшто ќе се врати убавината на животот во којшто живеевме сите ние во Македонија, она за што Горан патеше и Дебар Маало како симбол на она што е Македонија, односно на оние наши мали куќички, на она соседство каде што соседите беа блиски, каде што си помагаа, живееја еден за друг, вели Поплавска.


Таа е задоволна што конечно е во штипскиот Театар и работи со ансамблот. Рано е да се каже како течат подготовките, бидејќи пробите само што започнале, но тимот се надева на успешен резултат. Премиерата би требало да се случи за дваесетина дена.

-Ова се првичните проби каде што се запознаваме подобро со ансамблот, подобро со актерите, го расчитуваме текстот, анализираме, разговараме, го споменуваме Горан Стефановски често оти, нели, го работиме „Демонот од Дебар Маало“, еден од неговите понови текстови, напишан во 2006 година. Јас се радувам, долго време договараме да дојдам во штипскиот Театар и да работам претстава. Конечно, оваа година со радост го чекав моментот да започнеме на работа на оваа претстава, додаде Поплавска.

Ова ќе биде четвртата премиера годинава во штипскиот Театар, со што ќе затвори полусезоната. Претставата финансиски е поддржана од националната Програма на Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK