Штипски „Стипион“ се подготвува за воведување на хуманитарните паркинг места

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во централното градско подрачје на Штип од наредниот месец ќе се воведат хуманитарните паркинг места. Директорот на ЈП „Стипион“, Панче Стефановски вели дека во моментов работат на обезбедување на потребни материјали, како набавка на бои и информативни табли, кои би требало да се постават до крајот на овој месец.

– Јавното претпријатие „Стипион“е во фаза на техничка подготовка за ставање во функција на хуманитарната зона Х. Во тек е набавка на сообраќајни табли и соодветна сигнализација, како и набавка на бои за исцртување на позициите и други потребни материјали. Очекуваме сите подготовки да финишираат до крајот на месецот, веќе следниот месец да започнеме со редовна работа, вели Стефановски.


Тој посочува дека паркинг местата на неколку локации во централното градско подрачје во Штип ќе бидат различно обележани, согласно креативноста на уметници кои хуманитарно ќе работат на обележување на Х зоната во градот. На местата ќе бидат поставени соодветни табли со кои граѓаните ќе може да ги препознаат овие паркинг места. Стефановски вели дека ЈП „Стипион“нема да издвои пари за уметниците, туку само за потребните материјали.

– Осмислено е со учество на некои уметници да се исцртаат позициите кои се предвидени за цртање со некои мотиви, да се уклучи нивната креативност, ќе биде во различни бои. Ќе има означено табли на тие позиции и истите ќе бидат обележани и јасно препознатливи, вели Стеафновски.

Во оваа Х зона во центарот на градот се опфатени 131 паркинг место, а за паркирање на автомобилот ќе се плаќа 30 денари за првиот час и по 30 денари за секој нареден час. Дваесет процент од средствата кои ќе се приберат од оваа зона ќе одат за хуманитарни цели. Според одлуката на Советот на Општина Штип за овие места е важат месечните билети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK