Штипски „Стипион“ ги чисти улиците и ги посипува со абразивен материјал


Во штипскиот регион почнаа интензивни врнежи од снег. Механизацијата на  штипското јавно претпријатие „Стипион“ почна да ги чисти улиците низ градот и населбите.



Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров, за МИА изјави дека во моментов седум вработени со две возила се на терен и ги посипуваат улиците со абразивен материјал.

 -Двете  возила кои се  терен ги поминуваат улиците од прв и втор приоритет, доколку има потреба ќе се поминат и остантите улици. Додека траат врнежите од снег постојано се одржуваат чисти улиците, кои се влез и излез на градот, потоа тие кои водат до Клиничка болница-Штип,  до останатите институции, низ централниот дел на градот, како и на главните улици во штипските населби, рече Протогеров.

Посочува дека имаат доволни количини абразивен материјал за зимско одржување на улиците. Во моментов располагаат со 100 тони сол и 80 кубици песок што, според Протогеров, се доволни количини за една просечна зима.