Шилегов: Граѓаните да ги почитуваат мерките при движење на јавен простор


Шилегов: Граѓаните да ги почитуваат мерките при движење на јавен простор - МИА

Скопје, 29 мај 2020 () – Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска упати апел сите граѓани при движење на јавните места да се придржуваат до препораките и протоколите од Министерството за здравство, односно да ја почитуваат социјалната дистанца и да носат маска.

Прашан колку се почитува носењето маски и одржување дистанца во автобусите, Шилегов на денешната прес-конференција појасни дека проблемот со епидемијата уште не е надминат, и според него не постои институција која може да ги пропише мерките кои ќе гарантираат безбедност, доколку секој од граѓаните поединечно не партиципира со својот дел од обврската.

Пилегов истакна полицијата треба да постапи сериозно во однос на рестриктивните мерки.

-Јас во неколку наврати во делот на социјално однесување меѓутоа и во неспроведувањето на рестриктивните политики од страна на Министерството за внатрешни работи имам дадено сериозни изјави, стојам зад нив. Особено што денешниот број на заразени повторно за жал расте што се должи на две работи, прво се создаде лажна атмосфера во општеството дека проблемот со епидемија е надминат, а не е. Добар дел од тоа се должи на несреќните изјави на министерот за внатрешни работи и непостапувањето на полицијата во однос на ретсриктивните мерки, рече Шилегов.

Според него, непочитувањето на протоколи ќе не врати назад во услови на карантин и полициски часови, и токму затоа апелира секој да се придржува на препораките и протколите од здравствените работници.

-Граѓаните мора да се внимаваат, а институциите мора да започнат да го работат она што е во системот на законите и во општествениот и јавен систем. Не смееме да се опуштаме. Мене ме загрижуваат вчерашните слики од отворените ресторани и инсистирам надлежните органи, пред се МВР, но и инспекциските служби кои се најнадлежни да бидат сериозно рестриктивни кон сопствениците на објектите за почитување на мерките за социјална дистанца, додаде Шилегов.

 


Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Втор ден кампања, партиите на средби со граѓани со почитување на мерките на заштита - МИА
Вести

Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право на глас, партиските ветувања и препукувања со засилено темпо

Скопје, 2 јули 2020 () – Вкупно 1.814.263 граѓани имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 15 јули. Државната изборна комисија (ДИК) вчера го заклучи Избирачкиот список. Во меѓувреме, кампањата продолжува […]

Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]