Семинар во Прилеп: Ниско е нивото на безбедноста на земјоделците

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едукација, совесност и спроведување на законот заштита на работното место се главните чекори за да се спречи ниското ниво на безбедност на земјоделците при работа во полето и во земјоделските стопанства. Ова беше речено на дводневниот семинар кој започна денеска во Прилеп на тема „Заштита на здравјето и безбедноста при работа на работниците во земјоделскиот сектор од Пелагонискиот регион“ во организација на здружението „Достоинствен работник“ од Прилеп.

Според податоците, лани 22-јца земјоделци загинале при вршење земјоделски работи, а во 2020 година 21 земјоделец се повредиле во Прилепско. Четири насто од БДП во сиромашните земји одат на покривање на трошоците за повреди на работниците, а во Македонија во 2020 година од фондовите се одлеале 426 милиона евра за покривање на трошоци при повреди на работно место.


– Можеби ова се доволно податоци за да се преземе нешто за да се променат состојбите и земјава да не биде во оваа ситуација, зашто безбедноста на работното место е на ниско ниво. И на земјоделците при вршењето на земјоделските работи, вели Славица Јанкова од македонското здружение за заштита при работа.

Рубинчо Аризанкоски, програмски координатор од здружението „Достоинствен работник“ од Прилеп вели дека крајно време е да се подигне свесноста, но и едукацијата на земјоделците при ракувањето со механизацијата и со земјоделските препарати.

– Целта на семинарот е да се дадат информации, размена на искуства и да се запознаат учесниците со мерките за заштита при работа во земјоделскиот сектор преку пристап кој се базира на меѓународните конвенции преку институционализирана рамка за соработка во согласност со домашните законски регулативи и нормативи од областа на земјоделството. Многу е битно и сојузите на земјоделците повеќе да водат сметка за безбедноста на производителите преку едукации. На пример, кога е во прашање тутунопроизводството, при откупот на производителите им се задржуваат два отсто и треба да се употребат во едукации, еве сега во ек е садењето на тутунот, за управување со механизацијата и заштита при употребата на препаратите, изјави Аризанкоски.

Професорот по земјоделство при прилепското средно училиште „Орде Чопела, Игор Галоски е со конкретни предлози.

– Во зимскиот период, кога земјоделците немаат работа, продавачите на механизацијата наместо само да мислат на провизиите од продажбата да одржат едукации. Тоа да го прават и земјоделските аптеки за користење на препаратите, а едукациите се неопходни и во земјоделските училишта. Не се согласувам при полагање за возачка Б категорија да пишува дека сме оспособени и за управување со трактор. Тоа е незамисливо, вели Галоски.

Државните институции да излезат на терен за да се спроведува Законот за заштита при работа.

– Првенствената работа е едукација на земјоделците кои директно се изложени на опасностите на нивниот работни места при извршувањето земјоделски работи. Потоа, битно е, да се анализира зошто се случиле повредите, кои се причините што довеле земјоделецот да загине на работното место и да му се предочи на земјоделецот дека е многу подобро да се спречи, отколку да се лекува, изјави Милан Петковски од македонското здружение за заштита при работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK