Се утврдуваат причините за пожарот во штала кај велешко Грнчиште


Се утврдуваат причините за пожарот во штала кај велешко Грнчиште - МИА

Велес, 29 јуни 2020 () – Четири возила и шест пожарникари го гаснеле пожарот што синоќа зафати штала на патот кон велешкото село Грнчиште. Како што соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  пожарот  избувнал  околу 21 часот и бил пријавен во СВР Велес. 


 

Командирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски за изјави дека по повикот веднаш  излегле на терен со четири возила и шест пожарникари и пожарот го изгаснале во 23.45 часот.

Во пожарот изгореле една крава, шест кокошки и 520 бали сено, а целосно била уништена и покривната конструкција на објектот од 60 на 120 метри.

Портпаролот на СВР Велес Додевски информираше дека нивна екипа е на терен и ги утврдува причините за настанатиот пожар.