Се уредуваат парковите површини во делчевско


Се уредуваат парковите површини во делчевско - МИА

Делчево, 4 мај 2020 () – Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие Брегалница, а истите како што соопштија, се реализираат на повеќе локации во градот.

-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши на уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.

Во текот на денешниот ден исто така се изврши и дезинфекција во гимназијата „Методи Митевски Брицо“.

-Се работи за трета дезинфекција со која се опфатени сите простории во училиштето, како и надворешниот дел и парковите. Исто така со оваа активност ќе биде опфатена и спортската сала во училиштето, истакнаа од гимназијата.

Согласно насоките на Регионалниот кризен штаб во наредниот период со дезинфекција ќе се продолжи и во останатите јавни установи во градот. ир


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]