Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река” во Пехчево



Се уредува туристичкиот локалитет ,,Равна Река” во Пехчево - МИА

Пехчево, 27 јуни 2020 () – Во Пехчево се уредува излетничкото место кај туристичката населба „Равна Река”. Во акцијата, како што информираат од општината се вклучени 20 вработени, и со неа се опфатени чистење на отпадот и замена на дотрената урбана опрема.

-Со цел да го сочуваме природниот потенцијал решивме да спроведеме акција за чистење на локалитетот. Во рамки на акцијата која поради топлото време се спроведува во раните часови, се уредуваше обраснатата вегетација околу излетничкото место, се заменуваше дел од дотраената урбана опрема, а се чистеше и околниот отпад, информираа од општината.

Оттаму посочија дека наскоро ќе се отстранат дотраените мостови и патеки, кои водат до околните водопади.

-Со цел да понудиме повеќе атракции за туристите, предвидено е поставување дрвени мостови, друга инфраструктура и опрема, каде ќе понудиме простор и за одмор и рекреација на надморска височина од над 1.600 метри, истакнаа надлежните.

Претходно, вработените заедно со екипи на Јавното претпријатие „Комуналец” ги чистеа обраснатите тревни површини долж патниот правец кој води до локалитетот Равна Река.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*