Се регулира коритото на реката Луда Мара кај Спомен паркот за 12 Ваташки младинци


Се регулира коритото на реката Луда Мара кај Спомен паркот за 12 Ваташки младинци - МИА

Кавадарци, 13 мај 2020 () – Општина Кавадарци,  преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми,  реализира проект за расчистување на дел од регулираното коритo на реката Луда Мара, кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.


 

-Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката,  каде има постојна шкарпа, како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век, појаснуваат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму додаваат дека овој  зафат, има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, а воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување. свд/