– Во Македонска Каменица во тек е поставување на нови водоводни линии за потребите на капацитетите во Индустриската зона, информираа од Општината. По завршувањето на работите, како што додадоа оттаму, ќе следува и изградба на нови пристапни улици.
-Општина Македонска Каменица во рамки на подготвителните работи за изградба на новите пристапни улици во Индустриската зона, врши поставување на нови водоводни линии за потребите на капацитетите и нивно нормално функционирање во иднина. Градежните активности опфаќаат пробивање и тампонирање на патен пристап кај индустриската зона кај м.в Каменички Рид со поставување водоводна линија за техничка вода на двата крака, информираа од Општината.
Вредноста на изградбата на водоводните линии каки што додадоа изнесува 1.315.000 денари.
-Активностите на едниот крак се во должина од 93, а другиот во должина од 124 метри за нормално одвивање на работниот процес во иднина. Изведувач на работите е ВОД-ВАР Инжинеринг – Скопје, избран како најповолен економски оператор во спроведената јавна набавка, додадоа од Општината.
Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица.