Се обновува Градски парк Кавадарци


Дел од Кавадарци без вода поради приклучување на нова водоводна линија - МИА

– Општина Кавадарци со нов проект го обновува градскиот парк, информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа. Оттаму појаснија дека во оваа фаза од работите, се врши санирање на оштетувањата на постојните патеки, како и на оформување на нови патеки и содржини.


 

– Ангажираната оператива на фирмата „ТЕС инжинеринг“ од Скопје ги прередуваше оштетувањата на дел од патеката под Спомен костурницата. Специјализираната екипа работници ги прередуваа гранитните коцки. Освен ова се врши и санација на оштетените и рушени делови од парапетните камени ѕидови. Суштински дел од овој капитален проект на општината е задржувањетo на оргиналниот стил на градба, како и на материјалите, со што нема да се наруши автентичноста на градскиот парк „Љупчо Шкартов“, нагласија од Општината.

Проектот предвидува и изградба на две нови пешачки патеки на второто ниво како продолжение на постоечките, со што ќе се заокружи шеталиштето до костурницата и од западната страна со панорама на градот.

-Новите патеки ќе бидат со должина од 520 метри. Овој дел од реконструкцијата ќе се заокружи со изградба на нова јавна чешма која ќе го симболизира виното.

За реализација на овој проект, општината од буџетот ќе инвестира 1.151.359 денари.

Претходно, во склоп на кампањата за ревитализација на градскиот парк, општината изврши целосно расчистување на површината на паркот, како и на добар дел од уништената хортикултура, при што се изврши нејзино целосно обновување со нови садници и трева, додадоа од локалната самоуправа.