Се намалува бројот на активни случаи од Ковид-19 во Малешевијата


Се намалува бројот на активни случаи од Ковид-19 во Малешевијата - МИА

Берово, 1 август 2020 () – Во Берово денеска е регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, со што бројката на активни случаи на коронавирус во оваа општина е минимален. Лице на подоцнежна возраст, како што информираа надлежните од Здравствениот  дом во Берово, е единствениот заболен од Ковид-19 во оваа Малешевска општина.

– Имајки ги предвид годините пациентот добро се држи и засега прогнозите за неговото здравје се добри. Радува тоа што довчерашниот втор активен пациент е оздравен, со што стапката на случаи се намалува. Да се надеваме дека нема да имаме нови пациенти со позитивни наоди на болеста, истакнаа од Здравствен дом Берово.

Во моментот освен во Берово, во соседната малешевска општина Пехчево нема активни пациенти на вирусот.

Во соседните општини, исто така веќе неколку дена состојбата со вирусот е стабилна. Во Делчево веќе подолг период позитивни на коронавирус не се регистрирани, додека во Македонска Каменица се уште активни се четирите пациенти, кои добија позитивен наод на Ковид-19 во последната недела од јули 2020 година. оџ


Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Германија: Наскоро задолжително тестирање за повратниците од ризичните подрачја - МИА
Вести

Намален бројот на новозаразени со Ковид-19, активни 3 428 случаи

Скопје, 8 август 2020 () – Последните пет дена бројот на заразени од Ковид-19 во државата не надмина 10 проценти од направените тестови. Во некои денови од неделата стапката на новозаразени се намали и до […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*