Се гради инфраструктура за поврзување на селските средини во Македонска Каменица


Се гради инфраструктура за поврзување на селските средини во Македонска Каменица - МИА

Македонска Каменица, 10 јуни 2020 () – Продолжува да се гради локалниот пат кој ќе ги поврзе каменичките села Луковица и Косевица. На увидот во градежните работи, градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека во моментов се работи на пробивање на трасата долга 1960 метри.

-Паралелно на овие активности, општина Македонска Каменица во соработка со ЈП „Камена Река“ врши уредување на постоечката подземна водоводна и канализациска мрежа. Иако постојат потешкотии со кои се соочуваме при реализацијата на инфраструктурните проекти поради  Ковид-19, од економскиот оператор кој ги изведува градежните работи добив уверување дека предвидената динамика за реализација на проектот ќе биде задржана и тој ќе биде завршен во најкус можен рок, рече Стаменкова.

Таа додаде дека со изградбата на овој локален пат општината ќе овозможи полесен пристап до домовите на жителите од овие две села, како и олеснета миграција на населението од една во друга рурална средина.

-Со тоа, остваруваме уште една наша програмска определба за директно помагање на локалниот економски развој во руралните средини од нашата општина, која и покрај кризата предизвикана од појавата на Ковид-19 ќе продолжи со капиталните инвестиции, додаде Стаменкова.

Изградбата на оваа делница ќе ја чини Македонска Каменица 14 милиони денари, кои се обезбедни од буџетот на Општината.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]