Се чисти обраснатата површина на регионалниот патен правец кон селото Саса


Се чисти обраснатата површина на регионалниот патен правец кон селото Саса - МИА

Македонска Каменица, 19 јуни 2020 () – Во Македонска Каменица во тек се активности за расчистување на обраснатата вегетација на патниот правец кој води до селото Саса. Градоначалничката Соња Стаменкова која учествуваше во акцијата, информираше дека целта е да се обезбеди подобра прегледност на овој правец.



-Се наоѓаме во пазувите на Осоговските планини, во едно од најоддалечените места во селото Саса, каде што општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие „Камена река“ и месното население започна со чистење на вегетацијата која е обрасната околу патот. Целта е подобрување на безбедноста на локалните патишта, рече Стаменкова.

Претходно, како што додаде, поставени се заштитни огради на локалните патишта каде е најопасно за движење.

-Во моментов се работи на земјено пробивање на патот кој поврзува две села, Луковица-Косевица. Поради тоа го известувам населението од село Косевица дека патот до Бошњаци беше во прекин, но сега со создавање на услови ќе продолжи втората фаза на тампонирање на патот и во регуларен рок ќе биде завршен, додаде Стаменкова.

Со ваквите активности, како што додадоа од Општината, ќе се продолжи и во останатите рурални средини.