Саниран е дефектот што остави без вода за пиење околу три илјади луѓе во Росоманско, информираа попладнево од Локална самоуправа Росоман. Оттаму соопштија дека се очекува, водоснабдувањето да се стабилизира до вечерните часови.
Поради дефект на главна водоводна линија на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, без вода останаа Росоман, како и росоманските села Манастирец и Рибарци.
Овие три места со околу три илјади жители, вода за пиење добиваат од регионалниот водовод „Лукар“.