Самозапалување е причината за опожарената „сеат алтеа“ на паркингот во Аеродорм



Опожарени автомобили на булеварот „АСНОМ“ - МИА

Скопје, 12 август 2020 () – Самозапалување била причината за опожарената „сеат алтеа“ на паркингот на булевар „Асном“ во населбата Ново Лисиче која изгоре целосно и од чиј оган делумно беа зафатени други две возила, соопшти МВР.

Случајот беше пријавен викендов, на 9 август.

Според увидот, извршените разговори и прегледот на записите од безбедносна камера е утврдено дека околу 09:20 часот внатрешноста на возилото „сеат алтеа“ се самозапалило при што огнот почнал да се шири. По кусо време, сопственикот на „алетата“ М.Ј. (35) од Скопје се обидел да го изгасне пожарот, но при отворање на една од вратите, пламенот се проширил многу брзо, ја зафатил внатрешноста на возилото и другите две возила, „фиат пунто“, сопственост на И.Н (41) и „мерцедес Е 270“, сопственост на К.С (73), двајцата од Скопје.

По насоки на јавен обвинител настанот е расчистен и квалфикуван како „пожар“.


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти

Скопје, 16 септември 2020 () – Нови 163 случаи со Ковид-19 од направени 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Од новорегистрираните  во Скопје има 33 […]

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија - МИА
Вести

Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија

Брисел, 16 септември 2020 () – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија […]

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести - МИА
Вести

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести

Скопје, 16 септември 2020 () – Ковид-19 предизвика и една пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, тоа е познато уште од сите светски кризи и економски и војни, како и здравствени кризи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*