Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица


Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица - МИА

Тетово, 19 септември 2020 ()– Пандемијата на коронавирусот е причина годинава да не се одржат на вообичаен начин одбележувањата на годишнината од загинувањата на 19 партизани од тетовскиот крај во мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година, како и двајца од нив по два дена во Тетово. На нивните вечните почивалишта но и спомен обележја цвеќе ќе положат само членовите на семејствата, информираат од Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Тетово.


 

-Денес се одбележуваат 76 години од злосторството во мавровското село Беличица во кое животите ги загубија 17 жители како и 21 партизан од Третиот партизански тетовски одред од страна на балистичко движење помагачи на италијанскиот фашистички окупато. Во Беличица загинале 19 од партизаните , а двајца од нив Младен Симовски-Требош и Андреја Христоски-Шварц, останале живи во битката а биле убиени два дена подоцна на во дворот на црквата Свети Никола во Тетово. Одбележувањето на овие датуми претставува законска,цивилизациска, морална и човечка обврска за нашите сограѓани од сите националности кои се бореа и ги дадоа своите животи за денешните придобивки за живот во мир и слобода, истакна Јовица Теофиловски

Вообичаено за овие настани се организираа историски час во Музејот на тетовскиот крај, положување на цвеќе на спомен облежјето за Третиот партизански одред во Трница како и помен во тетовската црква Свети Никола.