Реконструкција и велосипедски патеки на булеварот „8 Септември“



Реконструкција и велосипедски патеки на булеварот „8 Септември“ - МИА

Скопје, 15 септември 2020 () – Екипите на Град Скопје од денеска го реконструираат булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи.

Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

– Реконструкцијата ја почнуваме со тротоарите и велосипедските патеки, а во текот на неделата ќе се префрлиме и на коловозот. Станува збор за релација долга 980 метри, која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Ќе изведеме и нова велосипедска патека со што ќе го завршиме таканаречениот Конектор број 5 и ќе ги споиме населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Ќе формираме и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе уредиме и средишна жардиниера, рече денеска градоначалникот на Градот Петре Шилегов.

За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 40 дена.

Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците.

Прашан за решение за десното крило кај Момин Поток, тој рече дека до средината на наредната година ќе започнат со изградба на најголемата раскрсница кај Момин поток и веројатно, како што додаде, до година ипол од започнувањето на работите нема да има проблеми со гужвата што сега се создава таму.

Реконструкција на бул 8 СептемвриПрес Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Вторник, 15 септември 2020


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*