Реконструирана улицата „Ловќенска“ во Козле



Реконструирана улицата „Ловќенска“ во Козле - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Општина Карпош ја реконструираше улицата „Ловќенска“ 4, во населбата Козле. На оваа сообраќајница поставен е нов асфалт во должина од 530 метри и ширина од 3,5 метри.

-„Ловќенска“ 4 повеќе години беше во руинирана состојба, поради што беше отежнато движењето на граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош. Со обновата на улицата, се олеснува пристапот до нивните домаќинства, но и се зголемува сообраќајната безбедност, велат од општина Карпош.

Оттаму информираат дека во изминатиот период, се реконструирале повеќе улици: „Новопроектирана“ во Криви Дол, 12 пристапни улици во Бардовци, „Вангел Дину“ во Влае 2 и други.

Од општината истакнуваат дека локалната самоуправа продолжува со тековното одржување на инфраструктурата, но и со изведба на нови улици, особено во периферните делови на Карпош. ир/


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*