Реконструиран регионалниот пат Зрновци – Мородвис


Реконструиран регионалниот пат Зрновци – Мородвис - МИА

Кочани, 6 август 2020 () – Локалната самоуправа на Зрновци ја заврши реконструкцијата и проширувањето на регионалниот патен правец од општинскиот центар до селото Мородвис, при што е преасфалтиран и коловоз во вкупна должина од три километри.

За реализација на градежните активности Општината обезбеди 18 милиони денари од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта, како и сопствено материјално учество во подготовката на теренот.

-Досегашната ширина на оваа делница од патот беше 3,5 метри, а со реконструкцијата обезбедивме проширување на коловозот од пет метри на потегот од селото Мородвис до погонот на „Руен“. Поради специфичноста на теренот и изградените објекти, проширувањето до општинската зграда е за уште половина метар. Ефикасната и сигурна патна инфраструктура ќе ја олесни и поттикне мобилноста на граѓаните и стоките во општината и регионот, а обезбедуваме и надминување на ограниченоста на локалните пазари и создавање услови за порамномерен регионален развој, истакна Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.

Реконстурираната делница е во рамки на регионалниот пат Виница – Карбинци, чија дефинирана ширина е четири метри, а локалната самоуправа преку донација од компанијата „Механика“ обезбеди над две илјади кубни метри камен тампон.

По оваа инвестиција, Општината продолжува со реконструкција на канализациската мрежа долга 600 метри на улицата „Скопска“ во Зрновци.


Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

– Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 […]

Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*