Радовишки „Бучим“ донира 50.000 евра за поддршка на здравството


Радовишки „Бучим“ донира 50.000 евра за поддршка на здравството - МИА

Штип, 9 април 2020 () – Рудникот за бакар и злато „Бучим“ – Радовиш донесе одлука да донира 50.000 евра како поддршка на здравствениот систем на земјава, со цел да се справи со пандемијата.

Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов вели дека 40.000 евра ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на Министерството за здравство, а финансиската помош во висина од 10.000 евра ќе бидат донирани на сметките на локалните здравствени домови во Радовиш, Штип и Струмица.

– Во овој исклучителен тежок период за сите нас и предизвикот со кој се соочуваме неопходно е да помогнеме онаму, каде што е потребно со придонес кој е од исклучително значење за справување и брзо надминување на кризата. Во рудникот „Бучим“ се применуваат сите превентивни мерки доставени од надлежните органи, бидејќи како и досега безбедноста и здравјето на нашите вработени е наш приоритет и суштина на сето она што го правиме, вели Николов.

Тој истакна дека преземени се низа на превентивни мерки, а вработените кои имаат сомнителни симптоми остануваат дома во интерес на здравјето на остантите вработени. Во изминиоатиот период радовишки „Бучим“ донираше заштитни маски на вработените во Полициската станица, Здравствениот дом, Противпожарната единица, на вработените во општинската администрација, како и на волонтерите на Црвен Крст. вдј/нд/

 


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]