Работилница за туристичките атракции во Демир Хисар и Клос, Албанија



Работилница за туристичките атракции во Демир Хисар и Клос, Албанија - МИА

Демир Хисар, 16 септември 2020 () – Во демирхисарското село Бабино се одржа работилница фокусирана за „Споделување на атракциите од прекуграничните региони со туристите – придобивки за локалните заедници во Клос и Демир Хисар“.

Заедничката активност е во рамки на прекуграничниот проект „Откривање на скриените атракции“, информираа од Општина Демир Хисар и членови на организацијата „Арт Поинт – Гумно“, ко-апликант во проектот.

-Со оваа креативна работилница, се поттикнува туристичката понуда во прекуграничните региони и се дава пример за одржливост на туристичките дестинации, како да се имплементираат практиките во заштитата на животната средина, во заштитата на традицијата и културното наследство, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојаноски.

Учесниците на работилницата, во неколку работни сесии, програмирани од невладината организација „Арт Поинт – Гумно“ беа информирани за руралниот туризам и семејните бизниси како шанса за развој на туризмот, создавање искуства и туристички производи во руралните области.ир


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*