Психолозите со препораки: Реорганизација на секојдневието и на навиките за психолошки мир на прагот на зимата


– Голем психолошки притисок, анксиозност, неснаоѓање, паника за сопственото и здравјето на семејството, се психолошките последици од падемијата. Особено на прагот на зимата. Психолозите велат дека интервенираат и се обидуваат да им помогнат на граѓаните да ја пребродат психолошката криза. Личната и во семејните рамки.

Според Кристина Павлоски, психолог од невладината Центар за граѓански иницијативи од Прилеп, сите месеци од почетокот на пандемијата се обидуваат да им помогнат со совети на граѓаните. Во почетокот нараснаа психолошките проблеми, но и семејното насилство, во летотото, поради раздвиженоста стагнираа, но сега, на прагот на зимата се зајакнува психолошкиот притисок. Досега помогнале во преку 100 случаи на психолошки проблеми и во случаите насемејно насилство, но очекуваат „наплив“ пред зимата.

– Работиме со граѓаните во повеќе правци. Занамалување на психолошкиот притисок и за спречување на семејното насилство. Едно е пријавувањето, друга е фактичката состојба која е поголема. Имаме контакти, некогаш и повеќедневни. Неизвесноста е пред зимските месеци. Имаме постојано отворени линии за разговор со психолог. Освен за семејното насилство, сме отворени за разговор за како на граѓаните психолошки да им помогнеме во оваа ситуација. Претежно советувањата ги работиме онлајн. Најчести симптоми со кои луѓето се соочуваат овој период се паничните напади и анксиозноста. Од почетокот на кризата сме имале повеќе од 100 случаи. Најголем е стравот од сигурноста, стравот од добивањето на вирусот, од заболување, а младите од стравот што ако го добијат нивните родители, вели Павлоски.

Главното прашање за сите граѓани е како да им се помогне, а најмногу како себе си да си помогнат.

Како што објаснува клиничкиот психолог Јован Велески, секојдневните бројки на заболени и починатите се најголемиот притисок. Ама, многу е битно да се смени секојдневниот начин на функционирање. Ништо не е како порано. Да не се троши енергијата на непотребното.

– Не сум голем оптимист. Нема лесно да заврши пандемијата. Психата се оптоварува пропорционално со порастот на заболени лица. Луѓето ги мобилизираат одбранбените механизми. Прво, стресот се појавува од нарушувањето на личните навики на луѓето. Главна е работата на имунитетот изаштитата. Сега треба повеќе да сме подисциплинирани. Луѓето постепено треба да се откажат од некои свои лагодности, од некои навики и сите ресурси да ги стават на зајакнување на имунитетот и да го сменат времето на извршувањето на секојдневните активности. Да се откажеме од работите кои трошат непотребна енергија. Фокусот е на семејството, на домаќинството и на приоритетите. Потребна ни се медицинска едукација и дома и на работното место, објаснува Велески.

Психолозите се единствени – штитете се од дезинформациите и вознемирувачките вести. Бројките на заболени и на починати ја зголемуваат паниката.

– Не е битно само како се однесува вирусот, многу битно е како се однесуваат луѓето. Мојата препорака за менталното здравје е добра организација на секојдневниот живот, препорачува клиничкиот психолог Јован Велски при прилепската болница.

Инаку, при анкета со граѓаните, тие нагласуваат дека прошетките, психичкото растоварување од проблемите и оптимистичките мисли сеглавни за да ја пречекаме зимата и притисокот од пандемијата.

– Крајно време е нешто да земаме за смирување и отстранување на нервозите, вели еден прилепчанец.

– Ние прилепчани сме мајтапчии. Прошетката, средбата, размената на мислењето и мајтапот, ќе помогнат. А и некој „лексилиум“ за смирување. Се виде дека ни се потребни, велат прилепчани.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*