Прва жртва од коронавирус во Малешевијата


Прва жртва од коронавирус во Малешевијата - МИА

Берово, 4 јули 2020 () – Прва жртва на коронавирус во Малешевијата. Шеесет и деветгодишен пациент од Берово почина, откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Штипската клинична болница, а веста денес и официјално беше потврдена од Министерството за здравство. Од општината упатија сочувство до семејството на пациентот и воедно апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.

-Како општина ќе продолжиме да спроведуваме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучителна важност е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација, истакнаа од општината.

Почитување на мерките, задолжително носење заштитна маска, и држење дистанца од два метри, додадоа исто така во својот апел до граѓаните.

Претходно во Берово беа регистрирани уште два пациенти од кои првиот позитивен случај е оздравен. Во моментот во Малешевијата има три активни случаи во Пехчево. Според надлежните институции пациентите се во добра здравствена состојба.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*