Прскање против комарци во Берово и Делчево


Прскање против комарци во Берово и Делчево - МИА

Берово, 1 јули 2020 () – Првата фаза од теристичката дезинсекција за уништување на комарци вечер ќе се спроведе во Берово. Активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, поради што надлежните го известуваат населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

– Дезинсекцијата е закажана за вечер, 1 јули 2020 година (среда) во периодот од 23:30 до 02:30 часот. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, со соодветен препарат за таа намена. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, информираат од Општина Берово.

 Авионска дезинсекција против комарци во Делчево е закажана за утре.

– Авионското третирање против комарци ќе се спроведе во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Прскањето ќе се врши со средство – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари од кои 200 хектари лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница и централното градско подрачје до езеро „Сандански“ и двапати по 50 хектари на подрачјето „Старо Делчево“, „Таушанско Маало“, „Стрелиште“ и Ново Делчево , Милково Брдо, Басарица и населба „Пролет, посочуваат од општината.

И од двете општини ги известуваат пчеларите во времето на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*