Во Македонска Каменица утре ќе се спроведе прскање против комарци, информираа од Општина Македонска Каменица. Третирањето како што се вели во информацијата оттаму, ќе биде теристичко на опфатена вкупна површина од 200 хектари.
– Упатуваме соопштение до граѓаните дека во четврток, на 29 јуни 2023 година, во доцните вечерни часови ќе се спроведе прскање против комарци кое ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ. Поради тоа граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, информираа од Општината.
Третирањето како што додадоа ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.