Против пожари со просеки на висорамнината Љубаш во Кавадарци

ljubas, kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обновени се противпожарни просеки на висорамнината Љубаш, како превенција од пожари на овие многу високи температури и прогласена портокалова фаза со метео аларм, информираа попладнево од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

– Активноста ја реализиравме во соработка со шумското стопанство ,,Бор”, јавното претпријатие ,,Комуналец” и општинскиот сектор ,,Мој општинар”, со поддршка на градоначалникот Митко Јанчев. Оваа интервенција е од големо значење за кавадарчани,  има за цел подобра заштита на шумата на висорамнината Љубаш,  или како што вообичаено се вели,  ,,белите дробови” на градот  Кавадарци, соопштија од Противпожарната служба.


Оттаму нагласија дека секој треба превентивно да делува и да даде свој  придонес, со цел да се спречи појава на пожар во услови на високи температури. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK