„Тие доаѓаат“ – збирка поезија од учениците од основните и средните училишта во Охрид денеска беше промовирана во просториите на Општина Охрид.
Книгата, чиј издавач е Општина Охрид, содржи 55 песни, од кои 43 се од основците и 12 од ученици од средните училишта. Промотор на книгата беше Славе Ѓорго Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски.
Според заменик градоначалникиот Перчо Божиновски, зтанува збор за збирка поезија во која поетот и професор, Славе Ѓорго Димоски на 90-ина страници по свој избор сместил поетските творби на 55 млади творци од охридските основни и средни училишта.
– Преку поетските творби учениците го негуваат мајчиниот македонски јазик, а вусшност и македонската литература. Ова е второ изнадение, првото е во 2006 година. Преку оваа книга како локална самоуправа даваме поддршка на учениците, а всушност и го негуваме убавиот пишуван збор, рече Божиноски.
Промоторот, професорот Димоски, истакна дека оваа книга е од идни писатели, ученици од основните и средните училишта.
– Двете книги се појавуваат во две различни времиња. Првата беше кога бевме покомотни, а втората се јавува кога се уште некои неутрални ветришта вратат кон нашиот јазик. Поттикот е децата да си го негуваат својот јазик, да творат, а да творат мора многу да читаат. Има ученици каде се чувствува духот на македонскиот јазик коишто работат и на досетки во песните. Тие дечиња кои се под добро менторство на своите професори знааат и да читаат, но и да пишуваат и да го негуваат поетскиот јазик, забележа Димоски.
Збирката „Тие доаѓаат“, според Димитар Спасески од Секторот за образование при Општина Охрид, е најдобриот одговор на случувањата во државата.
– „Тие доаѓаат“ е нашиот силен мотив и понатаму да продолжиме да инвестираме во талентираните ученици од основните и средните училишта од Општина Охрид, наградувајќи ја нивната генијалност зошто тие ќе бидат дечињата кои со сигурност во иднина ќе и помогнат на државата да излезе од апатијата во којашто е западната. И конечно „Тие доаѓаат“ заслужуваат да бидат дел од едно вакво епохално издание коешто секогаш ќе го имаат во себе и ќе се радуваат и со радост ќе си споменуваат за ученичките денови кои ги поминале во основните и средните училишта во Општина Охрид, истакна Спасески.
Изрази надеж дека на таков начин ќе ја поттикнат желбата кај учениците во иднина да се занимаваат професионално со поезија негувајќи ги македонскиот јазик, култура и традиција.