Промовирана студијата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон во Охрид


Промовирана студијата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон во Охрид - МИА

Охрид, 1 август 2020 () – Во прекрасниот амбиент на Лапидариумот кај Куќата на Робевци во Охрид вечерва беше промовирана книгата „Балканскиот етнички феникс (Историскоетнографски аспекти за заедницата на балканските Еѓипќани)“ од д-р Рубин Земон.

На промоцијата преку цитирање извадоци од студијата, но и со стручните осврти на рецензентите на студијата д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов, од Охрид беше испратена пораката за заедништво, љубов и соработка, преку концептот едно општество за сите на кој е приврзаник и самиот автор Земон.

Универзитетскиот професор Тоновски пред присутните на промоцијата рече дека книгата е освежување во современата македонска публицистика, бидејќи одамна не се појавил посериозен труд што би завлегол во проблематиката, односно би се зафатил со проучување на етничката структура на македонскиот простор.

– Секој човек може да биде тоа што сака, но проблемот е како секој да биде тоа што навистина е. Да се декларира, изјасни и да живее во она што тој го носи во себе. На овие балкански простори, во овој котел на етничкото, на оваа балканска ветрометина на миграции, тоа прашање е постојано актуелно, рече Тоновски.

Според Тоновски, прашањето на етничкото во Македонија отсекогаш, а особено сега, било чувствително прашање, што бара не само храброст и остроумност, туку и соодветно стручно познавање на начинот на истражување на она што е случува на тој план, а исто така изискува моќ, од понудената документација да се се лоцира вистинското место на предметот на истражувањето, во случајот прашањето на етникумот.

Авторот Земон за својот труд појасни дека всушност претставува антрополошка, етнолошка студија во која се содржи неговата докторска теза од 2005 година, дополнета со нови сознанија и информации.

Тој смета дека јавноста преку оваа книга ќе добие голем квантум податоци, информации што досега малку беа познати на експертската, но уште помалку на пошироката јавност, за идентитетот на Египќаните во регионот и пошироко.

– На 24 јуни славевме јубилеј 30 години од основачкото собрание на Здружението на Египќаните како прва организација на Балканот со јасно артикулирани цели за заштита на идентитетот на таа заедница. Тоа е движење започнато од Македонија, проширено на Балканскиот полуостров. За овие 30 години успеавме во Македонија, Косово и Албанија да имаме свои пратеници, свои учесници во власта, но и во локалните самоуправи, изјаи Земон, посочувајќи дека во регионот се формирани голем број здруженија од различни профили, со најразлични мисии, визии, цели, со основна дејност активно да се грижат за интересите и да ги бранат правата на таа заедница.

Рубин Земон е етнолог, односно социо-културален антрополог. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро -Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.

На повеќе наврати е ангажиран како експеконсултант од страна Советот на Европа, како и ОБСЕ/ОДИХР за различни мисии, проекти и проблематики поврзани со националните малцинства и мултикултурализмот, во разни држави на Европа, особено во земјите на Југо-источна Европа. Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и слично. аб/


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*