Во Кавадарци денеска е промовирана пам трак патека, а се одржа и масовна велосипедска парада. На настанот беше кажано дека патеката е наменета за сите што уживаат во возењето велосипеди, скејтборди, ролшуи и скутери.
Градоначалникот Митко Јанчев информира дека се инвестирани околу четири милиони денари за оваа патека.
– Целта е да се спортува. Во склоп на патеката е изградено и детско катче со реквизити за релаксација. Ова веќе не е напуштено место како што беше, туку простор со добро осмислени содржини, појасни Јанчев, нагласувајќи дека и понатаму ќе се инвестира во спортот.
Градоначалникот најави и изградба на картинг стаза, за следната година.