Пролетна еко акција „За почиста и позелена Битола“

bitola_34543544
Facebook
Twitter
LinkedIn

– Општина Битола и јавното претпријатие „Комуналец“, почнуваат со реализација на проектот „Сите за почиста и позелена Битола“ во која освен локалната самоуправа ќе се вклучат општествено одговорни компании, правни и физички лица од градот.




Првата организирана акција за засадување на нови садници и зазеленување на Битола, ќе се одржи на 22 март во Брусничка населба со почеток во 11 часот, а активностите ќе продолжат и во другите денови на повеќе локации. Предвидено е со оваа акција да бидат засадени 2.000 садници, соодветни за условите на избраните места во урбаната средина и со цел зголемување на зелените површини во градот, соопштија од Општина Битола.

ЈП „Комуналец“-Битола продолжува со расчистување на дивите депонии, како и со континуирано хортикултурно уредување и создавање на нови паркови во урбаниот и руралниот дел на општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Можеби ќе ве интересира: