Проектот за пробивање на Западен булевар во Кавадарци во завршна фаза


Проектот за пробивање на Западен булевар во Кавадарци во завршна фаза - МИА

Кавадарци, 22 јули 2020 () – Во завршна фаза е проектот за пробивање на Западен булевар во Кавадарци, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.



– Се работи на сообраќајната сигнализација. Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар, на спојот со улицата „Ресавска”,  со регионалниот пат и улицата „Јован Планински”. Поставени се сообраќајни знаци и обележани се околу 400 метри квадратни. Овој проект веќе со години е баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16.440.158 денари, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.

Истовремено, се поставуваат метални столбови на улицата „Браќа Миладинови” со цел поголема безбедност во сообраќајот за пешаците и за возачите.

– Континуирано работиме на подигање на нови зелени површини. Хортикултурно е уреден просторот покрај кејот на реката Луда Мара во селото Ваташа, информираа од Кабинетот на градоначалникот Јанчев. свд/