Продолжуваат градежните работи на проектот „Парк на млади” во Македонска Каменица



ript>

Продолжуваат градежните работи на проектот „Парк на млади” во Македонска Каменица - МИА

Македонска Каменица, 17 август 2020 () – Продолжуваат градежните работи од изградбата на „Паркот на млади” во Македонска Каменица. По целосно завршената изградба на хоризонталната основна подлога, како што информираа надлежните, веќе започнаа подготовките за изведба на останатите градежни работи кои предвидуваат изградба на неколку скирол-рампи.


 

-Изградбата на скејт-паркот е прва етапа од проектот „Парк на млади”, кој на 8000 метри квадратни ќе понуди разни содржини за спорт, рекреација и релаксација, пред сѐ на децата и младите од Македонска Каменица, истакнаа надлежните.

Увид во градежните работи изврши градоначалничката Соња Стаменкова која додаде дека паралелно со овие актовности интензивно се работи и на доуредување на сите пешачки патеки и изградба на нови пристапни скали на градскиот кеј од Каменичка Река.

Во рамки на договорот за партерно уредување и бетонски работи, како што додадоа од Општината, покрај другите градежни работи предвидено е и целосно уредување и поправка на оштетените делови од градскиот плоштад во Македонска Каменица.