Привршуваат работите за изградба на улица „Јуриј Гагарин“ во Берово


Привршуваат работите за изградба на улица „Јуриј Гагарин“ во Берово - МИА

Берово, 6 јуни 2020 () – Привршуваат работите за изградба на улицата „Јуриј Гагарин“ во Берово. На денешната прес-конференција, градоначалникот Звонко Пекевски информираше дека се работи за проект вреден 2,29 милиони денари, со кој ќе се подобри комуникацијата на граѓаните од овој дел со центарот на градот.

– Општина Берово покрај кризата од коронавирус, согласно програмата за работа за 2020 година предвиде средства за изградба на улицата „Јуриј Гагарин“ со што општината дава прироритет на капиталните инвестиции. За изградба на оваа улица се овозможени 2,29 милиони денари со што ќе се овозможи подобрување на патната инфраструктура за жителите од овој дел на градот, рече Пекевски.

Улицата, како што додаде тој на прес-конференцијата,, се гради во должина од 310 метри, а согласно планот за работа, како што дополни, ќе се продолжи и понатаму.

– Градевме, градиме и ќе градиме по план, со што ќе обезбедиме поквалитетна инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните, додаде Пекевски.

Според планираното изградбата на улицата со асфалтирање очекуваат да биде завршена до крајот на идната недела.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]