Привршува проектот за реконструкција на водоснабдителниот систем на Куманово


Привршува проектот „Реконструкција, употреба и одржување водоснабдителен систем на град Куманово“, соопштија денеска надлежните од Јавното претпријатие „Водовод “ Куманово.
Проектот опфаќа неколку фази на имплементација, меѓу кои замена на постоечката мерна опрема во Филтер станицата со нова, која е поставена на три локации во високата зона од градот. Опремата веќе е поставена и се врши сетирање на опремата.

Проектот предвидува модернизација на третманот на вода, нова мерна опрема на доводни и излезни цевководи во филтер станица, мерење на ниво во резервоари во склоп на филтер станица и на надворешните резервоари Карпош“ и Бајрам Шабани, нова мерна опрема во бунарското подрачје Митев мост, како и нова мерна опрема на дополнителни три мерни места во рамки на водоснабдителниот систем. На сите локации каде што е поставена мерната опрема во рамки на Филтер станицата и надвор од неа, предвидено е далечинско следење на промената на состојбата  на мерната опрема во однос на проток и притисок и сите тие податоци се собираат во главен СКАДА центар, кој што служи за мерење, праќање и контрола на целиот систем, изјави електроинженерот Бојан Патрушевиќ од ЈП „Водовод“

Планирана е изведба на СКАДА систем со кој далечински ќе се следат параметрите за утврдување на количината на испорачаната и фактурираната вода. Во рамки на овој проект предвидено е и оспособување на две простории што ќе се користат за баждарење и пескарење водомери.

– Информирани сме од инвеститорот Министерството за транспорт и врски и изведувачот на опремата ЦМЦ Груп“ дека проектот ќе заврши во предвидениот рок, додава Петрушевиќ.

 Кумановски „Водовод“ аплицираше за овој проект во Министерството за транспорт и врски во 2014 година. Проектот беше одобрен во 2018 година, а одвоени се 861.500 евра, средства обезбедени од Европската инвестициска банка.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]