Привршува изградбата на спортската сала за средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово


Привршува изградбата на спортската сала за средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово - МИА

Куманово, 14 мај 2020 () – Интензивно се гради спортската сала во кумановското средно техничко училиште „Наце Буѓони“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.

Завршен е поголем дел од објектот чија што изградба ја финансира Владата преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово. Салата се наоѓа во непосредна близина на средното училиште.

-Градежните активности привршуваат, очигледно е дека во новата учебна година нашите ученици ќе имаат одличен простор за изведување на кавлитетна наства по физичко образование, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Веднаш до спортската сала се наоѓа и атлетското игралиште, како и спортски терен за ракомет, така што со завршување на изградбата на спортската сала Куманово во овој дел накај Соколана ќе има соодветен спортски комплекс.

Приближно 2.000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и албански наставен јазик од  ова средно училиште, првпат по шест децении, ќе добијат спортска сала.

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала  во Основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкезe.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]