Приведени сопственик на угостителски објект и десет жени во гостиварски Добри дол



Четири нови случаи на Ковид-19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше - МИА

Гостивар, 8 август 2020 () – Полицијата по извршена контрола во угостителски објект во гостиварското село Добри Дол го привела сопственикот и десет женски лица.

Според МВР, утрово околу 2:00 часот полициски инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово со писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен Суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол. Тој претходно бил осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години. Три од нив се државјанки на Република Северна Македонија, шест од Република Албанија и една е од Република Косово. Сите тие, заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело „Трговија со луѓе“. По расчистување на случајот и постапката ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*