Презентација на истражување за потребите на младите во Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров


Здружението на граѓани „Младите можат“ денеска ќе ги презентира резултатите од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво”, спроведено во општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров.



Истражувањето е спроведено во три скопски општини: Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, во декември минатата година, и како што информираат од „Младите можат“ ги сумира резултатите од квалитативната и квантитативната анализа во пет области: волонтерство и граѓански активизам; предизвици на младите во општината; младински политики и застапување; отвореност и поддршка на општините за млади и младите во време на пандемијата Ковид-19.

Презентацијата на резултатите ќе биде преку платформата „Зум“. а, како гости говорници на настанот, организаторите ги најавуваат градоначалниците на трите општини – Стефан Богоев, Александар Наумоски и Златко Марин.