Превентивните активности на отсекот за превенција од СВР Куманово насочени кон мотоциклистите



Превентивните активности на отсекот за превенција од СВР Куманово насочени кон мотоциклистите - МИА

Куманово, 1 август 2020 () – Превентивните активности насочени кон мотоциклистите во Куманово во овој период се одржуваат во поинакви услови поради пандемијата, но не запираат, истакнуваат надлежните од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Надлежните велат дека останува работата на терен, се делат летоци во кои се посочува оти многу важно е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот. Меѓутоа, поради пандемијата скратени се сообраќајните поуки и активностите со ученици.

– Меѓу акциите кои се спроведуваат се и оние кои се организираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинскиот совет за безбедност во Куманово. Меѓу нив и кампањата и акцијата која трае до петти август и на која можат да се пријават млади од 16 до 18 години за онлајн настава. Петнаесет од нив ќе добијат бесплатна обука во автошкола за полагање на АМ категорија, додека на петмина ќе им биде платено полагање на возачкиот испит за АМ категорија, изјави Виолета Богдановска, од СВР Куманово.

Акцијата се состои од два дела теоретска настава (online) и полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи. Учесниците кои ќе се пријават за учество во акцијата ќе добијат и соодветни материјали за учење. Пријавените кандидати ќе добијат дополнителни информации за начинот и времето за следење на online наставата и тестирањето.

Ваучерите се со времетраење од една година односно ваучерите треба да се искористат до 31 август 2021 година. цр


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*