Претседателот Пендаровски во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја посетил општина Кавадарци во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.

Во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци, како што соопштија од неговиот Кабинет, Пендаровски проследил настап на училишниот оркестар што го освои првото место на натпревар на хорови, оркестри и бендови од средните училишта, неодамна одржан во Валандово.


Шефот на државата упатил честитки до членовите на оркестарот за ова високо признание, изразувајќи увереност дека нивната висока мотивираност и силен музички потенцијал несомнено ќе ги однесе кон значителни успеси во иднина.

За време на посетата на кавадаречката гимназија претседателот Пендаровски се сретнал со Мајкл Георгиевски, ученик со бројни награди и признанија во областа на природно математичките науки, со Блаже Игнатовски, ученик правобранител, кој заедно со неговите заменици Данка Стојкова и Филип Попов се грижи за заштита и остварување на ученичките права во рамки на образовниот процес. На средбата била нагласена важноста на нивната функција во навременото нотирање евентуални неправилности во интерните односи меѓу соучениците, како одредени облици на дискриминација, говор на омраза или врсничко насилство.

За време на престојот во Кавадарци, се посочува во соопштението, претседателот Пендаровски го посетил „351 Студио“, еден од брендовите на македонската компанија „Скај Ај Ентертејмент“, која за безмалку една деценија изработила над 3800 уникатни видео решенија, соработувајќи со светски познати музички имиња и најголемите издавачки куќи како Ворнер Мјузик, Универзал Мјузик и Сони Мјузик. Претседателот Пендаровски изразил задоволство што креативноста на овие млади луѓе се препознава и вреднува во светски рамки, особено имајќи ја предвид силната конкуренција и динамичниот развој на оваа индустрија.

Во месноста Моклиште, во пресрет на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа, претседателот Пендаровски оддал почит положувајќи свежо цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK