Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

pretstava_teatar_petar_pan_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“.

Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска…


Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа на лекување во Рим.

– За нас 100 денари не значат ништо, но кога ќе се собереме сите заедно, ќе значат многу во борбата на Бојан со болеста. Затоа ве повикуваме да дојдете и вие и за придонесете, заеднички да ја добиеме оваа борба на нашиот Бојан, апелира драмското студио „Миладин“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK