Пожар во стан на булевар „Трета МУБ“ во Куманово


Пожар во стан на булевар „Трета МУБ“ во Куманово - МИА

Куманово, 8 април 2020 () – Пожар избувна во еден стан во зграда лоцирана на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“  во Куманово.

Од територијалната противпожарната единица од Куманово информираат дека пожарот кај нив бил пријавен во 15:55 часот.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на терен се две противпожарни единици со десет пожарникари кои во моментов го гасат пожарот.

Од Итна помош во Куманово потврдија дека нивна екипа, исто така е на местото на настанот.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]